Младата крв ги „подмладува“ старите глувци

глушецИстражувачите од Стенфорд Универзитетот штотуку објавиле студија ви магазинот Nature која би можела да влее надеж кај оние кои сакаат да ги спречат ефектите на стареењето на мозокот.

Студијата открила дека кога крвта од помлади глувци била вбризгана во постари глувци, кај постарите глувци бил забележан ефект кој речиси би можел да биде наречен „ефект на подмладување“: Мозокот на постарите глувци започнал да произведува повеќе неврони, поактивно да произведува активност во синапсите, па дури и покажувал знаци на намалено воспалување.

Интересно, но спротивната акција, во која на помладите глувци им била вбризгана крв (или поточно плазма, делот од крвта кој не содржи крвни зрнца), резултирало со карактеристично „стари“ особини демонстрирани од глувците – зголемено воспалување на мозокот, намалување на производството на неврони и слично. Истражувачите користеле плазма бидејќи крвните зрнца се всушност преголеми за да ја преминат бариерата помеѓу крвта и мозокот и да навлезат во неговите ткива.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Но одредени чемокини, мали протеини излачени од клетките, се доволно мали за да можат да преминат, па тимот истражувачи всушност изолирал неколку кои би можеле да бидат одговорни за ефектот. Ова е доста фасцинантна студија бидејќи никој не верувал дека дегенерацијата на мозокот предизвикана од стареењето би можела да биде предизвикана од крвта од остатокот од телото наместо да е природно забавување во произведувањето на неврони.

Недостатокот на нови неврони може да предизвика може да предизвика заборавање, особено во просторната меморија – како заборавање каде сте го паркирале автомобилот – што значи дека способноста за запирање на процесот би можела да биде одлична работа за постарите луѓе. [Study finds that injecting old mice with young mouse blood has a rejuvenating effect]

- Реклама -