Народот од Северна Кореја почна да купува фрижидери, ама не чуваат храна

Во последниве години владата на Северна Кореја реши дека е време да ги модернизира својте граѓани, па започна да ги наградува за секакви заслуги со по еден фрижидер. Спортистите кои освоија олимписки медали во 2008 и 2012 беа наградени со екстра големи фрижидери.

Поради зголемената легална и нелегална трговија со Кина, како и политичката елита, веќе се оформила “средна” класа во С. Кореја од 3.5 милиони граѓани, чив тренд е најпрво да си купат фрижидер – Ова го тврди професорот Андреј Лeнков од универзитетот Кукмин во Сеул.
Според неговото истражување и статистика, Ленков вели дека 1 од 15 семејства
веќе имаат фрижидер, во споредба од пред 1999 година кога тој размер бил 1 од 100 семејства.

Прочитајте и:  „Дејли мејл“: Севернокорејските војници во Русија прв пат со пристап до Интернет, го користат за... порно

Но нов фрижидер не е едноставно да се користи во Северна Кореја. Нивната струја е толку нестабилна што секојдневно има падови на напонот и подолги прекини што или фрижидерите веднаш прегоруваат или храната скапува. Ова е исклучок за политичката елита зошто успеваат да фатат “врски” и да си спроведат или струја од војската или од некој индустриски комплекс. Најчесто како што истакнува Ленков во фрижидерите се чуваат книги.

- Реклама -