Мистериозните кругови кои се појавуваат по полиња со пченки сепак би можеле да имаат невонземска причина. Студија објавена во Physics World посочува кон можноста дека шаблоните би можеле да бидат формирани од микробранови кои удираат во Земјата, ласери, или можеби GPS.
Вакви формации биле документирани над 10.000 пати во втората половина од дваесетиот век. Тие биле препишувани на паранормална активност, човечки шеги, метеоролошки феномени – а во одредени случаи, дури и торбари. Дополнително масло на огнот додава фактот што овие кругови се прават тајно, најчесто во целосен мрак – и најчесто од шегаџии кои сакаат да ги убедат луѓето дека се работи за дело на Марсовци. Првите шегаџии признале дека тие се одговорни за дел од круговите дури во 1991 година.
Она што ги збунува научниците е објаснувањето на уметноста на создавање на круговите без оставање никакви траги, најчесто во само една ноќ. Ова прашање го одвело истражувачот Ричард Тејлор од Универзитетот од Орегон да ги исфрли барем дел од традиционалните објаснувања за алатите со кои се созддени круговите. Тејлор предложува дека во модерното време, штици и јажиња (за легнување на растенијата) се премногу гломазни за создавање на резултати во кмпаративно кусиот период на нивната креативна инкубација.
Тој вели дека авторите на поновите кругови користат технолошки гаџети како GPS монитори за поставувањето на облиците и магнетрони (цевки кои користат електрицитет и магнетизам за генерирање високи температури) со кои ги виткаат растенијата со голема брзина. Дали било кој дел од овие шпекулации може да биде докажан? Не – барем не додека некој од авторите не реши да прифати одговорност и да ги открие тајните на неговиот занает.
Но, во зборовите на Мартин Дурани, уредник на Physics World, Тејлор барем шпекулира со објаснување кое не подразбира работа на вонземјани. Тејлор „едноставно се обидува да дејствува како секој добар научник – проучувајќи ги доказите за дизајноти и конструкцијата на круговите без да дозволи да биде расеан од спектакуларните вонземјани“, објаснува Дурани. Но некои дизајни имаат релативно разумно објаснување.
Истовремено, за формации најдени во австралиски полиња со афион биле обвинети торбари слични на кенгури кои очигледно го јадат опијатот, и додека се под негово влијание скокаат наоколу за да создаваат кругови. [Crop circle creation theory: physics, not aliens]