Досега голем број на мали астероиди тајно и тивко минувале крај Земјата на нашиот пат околу Сонцето. Но научниците откриле дека во следните неколку векови покрај Месечината на патот околу сонцето ќе ни прави и еден астероид. Откритието на овој придружник, познат како Тројанец 2010 ТК7, кој е околу 300 метри долг, ја прави Земјата четвртата планета во сончевиот систем која ја дели својата орбита со астероид.
Астероидот никогаш нема да се приближи поблиску од 20 милиони километри, а во моментов се наоѓа на околу 80 милиони километри пред нас. „Овие тела се тешки за откривање од Земјата, бидејќи не се многу големи и се прилично слаби, и кога ги гледаме од Земјата се блиску до Сонцето“ објаснил Кристијан Веиле од Канада-Франција-Хаваи Телескопот. „Но можеме да ги откриеме од вселената, и идните сателите најверојатно ќе најдат уште повеќе. Мислиме дека има и други кои ќе бидат блиски до Земјата и ќе имаат движење кое ќе го олесни стигнувањето до нив. Значи би можеле да бидат потенцијални дестинации за посета со вселенски летала.“
{youtube}pNofnV9LQXo{/youtube}
Експертите велат дека за да се замисли траекторијата на астероидот, луѓето би требало да ја Замислат земјата и астероидот како се движат околу часовник на кој Сонцето е во центарот. Генерално, астероидот се движи две бројки пред Земјата. Сепак, астеоидот понекогаш се оддалечува толку многу што е на спротивната страна од Сонцето, вели Мартин Конорс од канадскиот Атабаска Универзитет во Алберта. Ваков сличен астероид до сега бил забележан крај Јупитер, Нептун и Марс. Нептун и Марс имаат по неколку, додека Јупитер има 5000 вакви придружници.
Откривањето на ваков астероид во земјината орбита е тешко од површината на Земјата бидејќи потенцијалните локации најчесто се во делот од небото осветлен од Сонцето, но Конорс и неговите колеги успеале да фокусираат телескоп поставен во Хаваи врз астероидот во април, одредувајќи ја неговата орбита со доволно прецизност за да прикажат дека се работи за Тројанец. Доналд Јеоманс, менаџер на Near-Earth Object Program Office на NASA, кој не учествувал во откритието потврди дека се работи за Тројанец. „Повеќето научници претпоставуваа дека Земјата има вакви астероиди. Јас би претпоставил дека има и други.“ [Keeping us company, the newly discovered asteroid leading the Earth around the Sun]