Според нова студија, бројот на потомци на првите луѓе кои излегле од Африка се смалил на само 1000 единки пред повторно нагло да нарасне. Научниците откриле дкеа населението од потомци на модерните Азијски и Европски луѓе падна на само 1200 кои „активно се размножувале“. Тие исто така откриле дека африканското население паднало на само 5700 луѓе.
Тоа значи дека спротивно на општоприфатеното мислење, овие рани луѓе продолжиле да се размножуваат со суб-сахарските Африканци до пред околу 20.000 години. Откритието било направено од Ричард Дурбин и неговиот тогашен асистент Хенг Ли во Wellcome Trust Sanger Institute во близина на Кембриџ. Тие ја анализирале ДНК секвенцата на американскиот биолог Крег Вентер – кој бил еден од првите луѓе кои секвенцирале чевечки геном – како и секвенци од шест други луѓе.
Со анализирање на геном од само една личност тие успеале да откријат историја на цело население. Традиционално генетичарите кои сакале да ја проучуваат човечката историја споредувале ДНК секвенци од голем број на луѓе од целиот свет за да утврдат како различните населенија се поврзани меѓусебно и кога тие се одвоиле едни од други. Но тие сега откриле дека дел од човечкиот геном – делот во кој се зачувани наследните информации – исто така би можел да биде следен назад во времето до оној момент кога постоела само една верзија, заеднички предок.
Претходно истражување од човечки остатоци и артефакти покажало дека луѓето ги колонизирале Европа, Азија и Австралија пред околу 40.000 години со што ја изгубиле шансата за размножување со Африканците. Но новата студија на господин Дурбин и господин Ли открила дека овие групи продолжиле да се размножуваат до пред околу 20.000 години. Дурбин верува дека ова било можно бидејќи по заминувањето на првите луѓе пред 60.000 години, тие биле следени од бранови Африканци кои се мешале со претците на раните мигранти.
И покрај ова, Крис Стрингер, палеоантрополог од Пририодонаучниот Музеј во Лондон, вели дека пред 20.000 до 50.000 години, човечкото население надвор од Африка најверојатно било мало и распространето, па редовното мешање со Африканците не било веројатно. „Би можело да има наплив на гени во определени времиња, водеи од иновации или промени на животната средина, но би било изненадување ако ова продолжило сè до тој период“ изјавил тој.
Теоријата употребена од Дурбин и Ли не може да го открие секој дел од човечката историја. но постои надеж дека научниците ќе можат да го употребат овој нов пристап за одредување кога Неандерталците и нивното мистериозно сестринско население познато како Денисованци престанале да се размножуваат меѓусебе. [First humans out of Africa ‘shrunk to just 1,000’ before rebounding rapidly]