Халкидики претставува голем полуостров кој погледнат од птичја перспектива наликува на трозабецот на Посејдон. Неслучајно, Халкидики е најпосетуваната туристичка дестинација во Грција, која нуди можности за одмор за сечиј вкус.
Полуостровот Халкидики изобилува со прекрасни пејзажи, високи ридови и планини, густи и раскошни шуми, а секако и одлични плажи, како мирни и изолирани, така и организирани. Халкидики е одлично место за сите кои сакаат пешачење, планинарење и прошетки, но и за оние што преферираат излежување на плажа, мирни и семејни одмори. Секако, тоа не се единствените причини зошто да се упатите токму кон Халкидики ова лето…
Халкидики изобилува со мали и мирни места кои се наменети за луѓето што сакаат вистински да се одморат или да го поминат заслужениот одмор во семејна атмосфера. Ваквите села и градчиња ги нудат сите удобности на модерното живеење, но во исто време гарантираат безбедност и сталожена атмосфера.
Халкидики е најблиската, атрактивна туристичка дестинација до нашата земја. Туристичкиот дел од полуостровот започнува на нешто преку 60 километри од Солун, т.е. на приближно 220 километри од границата со Македонија.
На овој полуостров се наоѓаат најголем број плажи со „сино знаменце“ во цела Грција. Синото знаменце гарантира дека и плажата, но и делот од морето пред таа плажа се беспрекорно чисти.
На Халкидики, а особено на вториот крак, Ситонија, можете да го истражувате античкиот свет, преку огромниот број археолошки наоѓалишта што ви овозможуваат да ѕирнете во далечното минато.
Со исклучок на првиот крак, Касандра, Халкидики е една од најдобро зачуваните области во Грција, со строги правила против претераната урбанизација. Самите прошетки на Халкидики се доволна мотивација да се отпатува дотаму, бидејќи навистина има што да се види и во што да се ужива.
Брегот на Халкидики достигнува вкупна должина од преку 500 километри, а во најголем дел се работи за исклучително убави плажи.
Халкидики е дестинација и за љубителите на доброто вино. Винариите што се наоѓаат на овој полустров, речиси без исклучок виното го подготвуваат на традиционален начин, онака како што се правело уште пред векови.
Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk