Анонимуси го нападнаа парламентот на БиХ

Босанскиот портал Tuzlanski.ba вчера ја објави веста дека Анонимуси ја бутнале официјалната страна на босанскиот парламент. Тие биле известени преку анонимен ФБ профил, дека страницата ќе биде вратена кога ќе се изгласа законот за доделување на единствени матични броеви на новороденчињата.
365 претходно ја објави сторијата за Белмина, три месечното бебе кое имаше потрба да отпатува во Германија за да и се пресади коскена срж, но поради законот за ЕМБ кој се уште не е изгласан во БиХ, беше во опасност да не ја прими потребната помош. Пред недела дена и беше доделен привремен пасош (180 дена) и во моментов се наоѓа во клиника во Германија.

- Реклама -