Пристигнаа летните горештини, а со нив и очајната потреба за освежување. Во текот на овие денови најважно е редовно да му овозможувате свежина на вашиот организам со течности и неопходни витамини. Еве една интересна комбинација која можете самите да ја испробате. Станува збор за лимонада со јагоди, а рецептот за истата е навистина едноставен.
Состојки:
4-6 лимони
1-1,5 dcl сируп од лимон
200 г. јагоди
неколку листови нане.
Подготовка:
Исцедете ги лимоните, а во блендер измешајте ги јагодите со сирупот. После тоа додадете лимонов сок и минерална вода, и доколку не е доволно слатко, додадете уште сируп. Сервирајте во високи чаши со многу лед и неколку листови нане.