Суптилни разлики во песните на китовите од видот кашалот се можеби доказ дека единките на овој вид користат лични имиња. Откритието е базирано на набљудување на само три единки, што значи дека засега идејата за имиња е сè уште само шпекулација.
Но откритието е „многу сугестивно“ вели биологот Лук Рендел од Универзитетот Св. Ендруз од Шкотска. Тој и неговите соработници, биолозите Хал Вајтхед, Шејн Геро и Тајлер Шулц, со години ги анализриаат секвенците на кликови кои кашалотите ги користат за комуницирање на растојанија од неколку километри. Во студија објавена минатиот јуни Marine Mammal Sciences, тие опишале техника за анализирање на звуци која поврзала снимени звуци со единки од семејство китови кои живеат во Карибското Море.
Во студијата тие се фокусирале само на звуците од китовите во Карибите. Во најновата студија, објавена на 10 февруари во Animal Behavior, тие анализирале звуци од кашалоти од целиот свет. Една специфична секвенца наречена 5R, која е составена од пет последователни кликови, на прв поглед е идентична за секој кит. Но при повнимателна се забележува варијација во интервалите. Секој од набљудуваните китови имал сопствена персонализирана 5R секвенца.
Разликите биле значајни. Звучните варијации кои биле искористени за разлкување помеѓу единки во претходната студија зависеле од физичката врска помеѓу единката која повикувала и повикуваната единка.: „Ако го слушате животното од страна добивате поинаква структура споредено со снимање од напред или од позади“ изјавил Рендел. Но овие 5R варијации биле идентични без разлика од положбата на слушачот.
„Од гледна точка на трансфер на информации, ритамот на кликовите е многу помалку чувствителен на пречки“ додал Рендел. „Не се сомневам дека животните ја препознаваат разликата во ритамот на единките.“ Дополнително, 5R секвенцата најчесто се наоѓа на почетокот на секоја песна на сличен начин како што телеграфските оператори се идентификувале со специфична ознака. Рендел додал: „Функцијата на оваа секвенца би можела да биде начин за секое животно да знае која единка ја започнало песната.“ [Sperm whales may have names]