Доењето ги прави бебињата поинтелигентни

доењеСамо четири недели хранење со мајчино млеко може да има „значителен“ ефект врз развојот во основно училиште. Истражувањето покажало дека децата кои се хранеле со млеко од нивната мајка имаат подобри резултати во читање, пишување и математика на возраст од седум, единаесет и четиринаесет години.

Долго време е познато дека мајчиното млеко го засилува имунитетот на бебињата и им помага да се одбранат од инфекции на ушите, стомачни проблеми па дури и астма, но досега многу малку беше познато за неговиот ефект врз интелегенцијата. Научници од Оксфорд Универзитетот и од Институтот за Социјални и Економски Истражувања од Универзитетот во Есекс ги анализирале резултатите од тестови на ученици кои сè уште се хранеле со мајчино млеко на возраст од четири месеци и ги споредиле со оние на ученици кои се хранеле со млеко во прав на истата возраст.

Секое дете кое се хранело со мајчино млеко било споредено со дете хрането со млеко во прав а кое имало слична позадина, приход на родителите, нивната работна и брачна состојба. Научниците откриле дека и покрај сличните средини во кои децата пораснале, оние кои се хранеле со мајчино млеко на почетокот од животот имале подобри резултати во читање, пишување и математика.

Прочитајте и:  Гинеколог тврди дека жените во постменопауза треба да го намалат внесот на една хранлива состојка

Марија Јаковоу, научник од институтот и еден од авторите на студијата изјавила: „Иако веќе знаевме дека доењето влијае врз когнитивниот развој, никој не знаеше дали тоа е само поради фактот што мајките кои се решаваат да дојат имаат посоодветен карактер за воспитувње побистри деца или дали млекото има некаков ефект. Откривме дкеа навистина има поврзаност. „Мајчиното млеко има добропознати здравствени благодети и сега можеме да речеме дека има и изразени благодети и за детските мозоци.“ [Babies who are breastfed grow up to be more inteligent, scientists say]

- Реклама -