Борба против денга треската со модифицирани комарци

комарецПред два месеци генетски модифицирани комарци биле ослободени во една изолирана провинција во источна Малезија за двонеделен експеримент. Целта на експериментот била да се утврди дали дивите комарци кои ги заразуваат луѓето со денга треска би можеле да бидат истребени.

Шесте илјади мутирани комарци биле биотехнолошка креација на Лук Алфи од британската биотенолошка компанија Oxitec. Тој создал техника за вметнување на ген за самоуништување кај дивите комарци за само една генерација, со што драматично би се намалила нивната популација. Фасцинантната генетската технологија, наречена RIDL, е опишана во ова видео од 2009 година:

{youtube}4hjAIOgzVgg{/youtube}

Денга треската е болест која се шири преку комарци. Со оваа болест се заразуваат околу 100 милиони луѓе годишно, кај околу 500 илјади од нив се развиваат сериозни симптоми по што е потребна хоспитализација. Годишно од болеста умираат околу 20.000 луѓе. Познати се четири типови на болеста, но за жал не постои лек ни вакцина. За да се контролира болеста мора да се контролираат комарците: преку прскање со пестициди и елиминирање на стоечка вода.

Идејата зад RIDL (Release of Insects carrying a Dominant Lethal) технологијата е да се создадат комарци кои имаат две копии на доминантен ген за самоуништување кој предизвикува смрт во специфична фаза од животот, освен ако комарецот не добие специјална хемикалија. Планот е да се создадат милиони мутирани машки комарци на кои ќе им биде давана потребната хемикалија, антибиотикот тетрациклин, за да ја преживеат критичната фаза од нивниот живот.

Веднаш потоа истите мутирани комарци би биле пуштени на слобода за да се парат со дивите женки, по што следната генерација ќе го поседува доминантниот ген за самоуништување, но ќе нема пристап до антибиотикот. Со малку среќа бројот на комарци драстично ќе се намали, Денге треската ќе престане да се шири и тропските средини ќе станат малку побезбедни за луѓето. Ако техниката е успешна за денга треската, тогаш би можела да работи и за други болести, како маларија, кои се шират преку комарците. Од маларија годишно заболуваат околу 225 милиони луѓе а над 700 илјади случаи завршуваат со смрт. [Release of mosquitoes with suicide genes attempts to eradicate Dengue fever]

- Реклама -