Моделот се вика “Кондура мобилен” или “Shoe Phone” и е дизајниран од 41 годишниот актер Шон Мајлс. Телефонот е функционален, но ги има само основните перформанси, но и тоа е многу. Се продава по цена од 3.950 долари со тоа што моделот на кондурата може да си го изберете, а за бројот ќе се потруди да ви го погоди. Актерот инсистирал дека ова е “применета уметност” но сите други имаат мислење дека е тотална глупост.