Ѕвезда талкач

ѕвезда талкачМасивна ѕвезда турната од својот придружник се движи низ вселената. Последица на овој настан е неверојатен бран, кој на фотографијата може да се види како жолт лак. Ѕвездата, Зета Опиучи, е огромна, дваесет пати поголема од нашето Сонце. На фотографијата инфрацрвената светлина е претворена во бои кои ние можеме да ги видиме, ѕвездата е сината точка зад бранот.

Зета Опиучи порано орбитирала околу уште поголема ѕвезда. Но кога таа ѕвезда се експлодирала во супернова, Зета Опиучи била турната како куршум. Таа се движи со брзина од 86.904 километри на час (24 километри во секунда) кон горниот лев агол на фотографијата. Додека ѕвездата се движи низ вселената, нејзините моќни ветрови туркаат гас и прав кои го создаваат овој бран. Материјалот во овој бран е толку компресиран што испушта инфрацрвена светлина.
ѕвезда талкачОвој ефект е сличен на она што се случува кога брод се движи со голема брзина низ водата, создавајќи бран пред себе. Бранот е целосно невидлив, затоа инфрацрвените фотографии како оваасе важни за анализа на случувањата во регионот. [Runaway star plows through space]

- Реклама -