Нови откритија на Кеплер

КеплерМисијата Кеплер на НАСА ги открила првите кандидати за егзопланети кои се наоѓаат во зоната погодна за живот, регионот во која на нивната површина би можела да постои вода во течна состојба. Пет од овие потенцијални планети имаат големина слична како Земјата и се сместена во идеалната зона на помали, постудени ѕвезди од нашето сонце.

Кандидатите сега чекаат на дополнително набљудување за да се утврди дали всушност се работи за планети. Кеплер исто така открил шест потврдени планети кои орбитираат околу ѕвезда слична на сонцето, Кеплер-11. Досега ова е најголемата група на планети кои орбитираат околу една ѕвезда надвор од нашиот сончев систем.
 
„За само една генерација направивме напредок, од егзопланети кои се дело на научна фантастика до денешнината кога со помош на Кеплер научната фантастика ја претворивме во реалност“ изјавил Чарл Болден, администратор на НАСА. „Овие откритија ја потенцираат важноста на научните мисии на НАСА кои постојано го зголемуваат нашето разбирање за нашето место во космосот.“

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

Откритијата се дел од неколку стотина нови кандидати за егзопланети идентификувани во новите податоци од мисијата Кеплер. Со овие откритија бројот на кандидати за егзопланети досега откриени од Кеплер се искачи на 1235, од кои 68 се со големина слична на Земјата; 288 се супер-Земји (околу два пати поголеми од Земјата); 662 имаат големина слична на Нептун; 165 се колку Јупитер и 19 се поголеми од Јупитер.

Овие откритија се резултат на набљудувања извшрени од 12 мај до 17 септември 2009, период во кој биле набљудувани над 156.000 ѕвезди од регионот кој Кеплер го набљудува (четрстоти дел од небото). [NASA finds Eerth-size planet candidates in habitable zone]

- Реклама -