Животот на Земјата можеби потекнува од вселената

метеоритПостојат уште повеќе докази дека животот на Земјата настанал од материјал донесен од астероиди или комети. Претходното истражување покажало дека амино киселините – основните градежни елементи на животот – би можеле да се формираат на друго место во универзумот.

Овие молекули можат да се формираат во две верзии, но животот на Земјата користи само едно од нив. Амино киселините се спирални молекули кои можат да се формираат со ротација на лево или на десно, и во хемијата нема услови кои одредуваат во која насока ќе се формира ротацијата. Но, без исклучок животот на Земјата ја користи верзијата која ротира на лево.

Еден познат експеримент од 1952 година покажал како една искра над смеса од едноставни хемикалии, кои ја претставувале раната Земја, може да создаде амино киселини – но како и во многу експерименти по него се создале еднаков број на леви и десни спирали. Идејата дека амино киселините дошле на Земјата преку метеорити – создадени од астероиди и комети – дала ново решение, амино киселините откриени при проучувањето на метеоритите се доминантно леви спирали.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

Минатата недела, астробиологот Даниел Главин од НАСА и неговите колеги решиле да направат дополнително истражување и векат дека според нивните резултати голем број на различни типови метеори се одговорни за таквата доминантност на леви спирали. Она што преостанало било да се утврди механизмот кој е одговорен за доминантноста на леви спирали создадени во вселената и донесени на Земјата. [‘Life chemicals’ may have formed around far-flung star]

- Реклама -