Технологија за замрзнување храна зачувува човечки заби

криогеникаТехнологија која се користи за замрзнување на суши ги решава проблемите со кои научниците се соочуваат при замрзнување на органи. Група научници од Универзитетот во Хирошима успешно замрзнале цели заби заедно со деликатните сврзни ткива.

Научниците велат дека сè додека работи фрижидерот ткивата би можеле да бидат складирани и до 40 години без никакви проблеми. Но, оваа технологија може да има и друга намена, и благодарејќи на магијата наречена суперладење би можела да се примени и во складирањето на внатрешни органи. Кај типичното криогенско складирање за брзото смрзнување на органите се потребни отровни нивоа на антифриз, со што органите стануваат неупотребливи.

Бавното замрзнување пак произведува кристали на мраз кои ги уништуваат клетките. Па како да се спречи формирањето на кристали на мраз при бавно замрзнување? Со употреба на магнети. ABI е јапонската компанија која го произведува овој систем за замрзнување. Системот наречен “Cells Alive System” (CAS) вибрира вода со помош на магнетни полиња со што спречува мрзнење дури и на температури под -10 степени целзиусови. Кога магнетното поле ќе биде исклучено, водата во храната инстантно замрзнува. Бидејќи нема време за фромирање кристали на мраз, замрзнатите органи остануваат неоштетени.

Интересот за оваа технологија се проширил во целиот свет. Иако суперладење на вода е трик кој можете да го направите и дома, CAS овозможува суперладење на многу повеќе од само чисти течности. Системот функционира и со месо, зеленчуци и што и да посакате. Оваа технологија полека но сигурно прави транзиција од прехранбената индустрија во науката за продолжување на животот. Во моментов можете да платите за складирање на ваши заби.

Доктор Тошицугу Кавата е професор од Универзитетот во Хирошима чие истражување помогна во утврдувањето на CAS како технологија за зачувување на заби. Извадените заби порано беа бескорисен медицински отпад. Сега, изваден умници не се ѓубре, тие можат да бидат замрзнати и вратени во вашата вилица во било кој дел од вашиот живот. Благодарејќи на напредокот во науката, докторите дури можат да ги изменат вашите стари заби, и да обликуваат катник во секачи. Доктор Кавата вели: „Ова е исто како да имате резeрвно тркало.“ [Food freezing tecnology preserves human teeth. Organs Next?]

- Реклама -