Интересно суштество кое наликува на слон, со два долги заби, било откриено на ѕид во гробницата на Рехмир, староегипетски везир кој умрел помеѓу 1479 и 1401 пред новата ера. Можно ли е ова суштество да биде изумрен џуџест мамут од островите во Средоземното Море?
Дарен Нејш од Tetrapod Zoology, вели дека е можно суштеството од гробницата на Рехмир да е изумрен џуџест мамут од островите во Егејското Море а не само слонче. Тој вели дека шансите се мали, но додава дека е возможно мини-мамути да живееле на островите во Средоземното Море во периодот кога умрел Рехмир. Тој објаснува:
„Во 1994 година, Барук Росен објавил кратка статија во која тој го посочил малиот, влакнест слон со големи заби, кој е претставен со висина од околу 1 метар. Луѓето нацртани околу слонот најверојатно се сириски трговци, кои носат разни предмети со нив. Африканските слонови Loxodonta и сега изумрената популација на блискоисточната верзија на азискиот слон Elephas maximus им биле познати на египќаните, но овој слон не изгледа како нив. Тој е претставен како влакнест слон, со конвексен грб и топчеста глава кои придонесуваат да изгледа како млад азиски слон, но тогаш зошто ги има огромните заби? Слонот исто така има релативно големи уши, но тешко е да се утврди дали тие изгледаат како ушите на Loxodonta или Elephas.“
Сепак, Росен исто така предложил дека слонот во сликата е симболичен приказ на вистински слон. Логиката зад оваа идеја вели дека трговецот крај слонот носи заби од слон, па малиот слон е нацртан за да го прикаже потеклото на тие заби. Тој вели дека египетските уметници некогаш ги цртале животните како помали од луѓето за истите да не зафаќаат премногу простор во илустрираната процесија. [Did the ancient Egyptians know of pygmy mammoths? Well, there is that tomb painting]