Неверојатно откритие на пијани научници

црвено виноВиното ја подобрува ефикасноста на суперпроводниците. Група јапонски научници дошле до овој заклучок откако решиле да направат мала пауза за време на нивните експерименти и да прослават со малку алкохол.

Суперпроводниците се однесуваат како повеќето метали – спроведуваат електрицитет. Но, со мала разлика. Сите метали создаваат одреден отпор на протокот на електрицитет. Но, со падот на температурата, суперпроводниците создаваат значително помал отпор (со што стануваат поспроводливи). Кога ќе достигнат доволно ниска температура, нивниот отпор станува нула.

Јошихико Такано и неколку други истражувачи од Националниот Институт за Наука во Јапонија создавале одреден тип на суперпроводник, ставајќи материјали во жешка вода каде што ги оставале по неколку часови. Истиот материјал бил поставен и во мешавина од вода и етанол. Процесот очигледно ветувал бидејќи научниците решиле да направат мала забава. Во забавата биле употребени саке, виски, неколку типови на вино и пиво. По некое време, научниците решиле да го потопат нивниот експеримент во различните типови на алкохолни пијалаци.

Прочитајте и:  За да го намалите ризикот од деменција, ограничете ја консумацијата на еден вид пијалок

Нивната желба била да видат какви резултати ќе има алкохолот споредено со останатите течности кои ги користеле. Откако ја тестирале суперспроводливоста на материјалите, откирле дека оние потопени во комерцијално достапен алкохол се поефикасни. Околу 15 проценти од материјалите потопени во мешавина од вода и етанол станале суперпроводници. Колку за споредба, црвеното вино претворило 62 проценти од материјалите во суперпроводници. Научниците биле збунети, но задоволни од нивните резултати. [Drunk scientists pour wine on superconductors and make an incredible discovery]

- Реклама -