Пронајдена првата карпеста егзопланета (видео)

Кеплер-10bСите егзопланети кои беа откриени до сега беа гасни џинови, но малата Кеплер-10b е карпеста, и има речиси иста големина како Земјата. Кеплер-10b не може да подржи живот бидејќи се наоѓа 20 пати поблизу до нејзината ѕвезда отколку Меркур во однос на Сонцето, но е добар почеток.

Оваа планета била откриена од сондата Кеплер која е првата сонда која е доволно осетлива за да ги забележи помалите планети. Кеплер-10b е само 1,4 пати поголем од Земјата, и е дефинитивно најмалата откриена егзопланета. Кеплер 10b има многу куса орбита која трае само 0,84 дена. И иако е само 1,4 пати поголема од Земјата, планетата е екстремно густа, нејзината маса е 4,6 пати поголема од онаа на Земјата, со просечна густина како железно ѓуле.

{youtube}AqqIpdw4YeA{/youtube}

- Реклама -