Стршлени со „вграден“ соларен панел

Стршлени со „вграден“ соларен панелИдејата за авиони кои ќе се движат на соларна енергија сè уште се развива и е далеку од реалноста, но во природата веќе постојат „летала“ кои го имаат решено овој проблем и веќе одамнa користат таква енергија.


 

Еден вид на стршлени (vespa orientalis) имаат вистинска фотоенергетска плоча од која добиваат енергија за летање. До ова откритие дошле истражувачи од Универзитетот во Телавив во Израел. Тајната е во тенка лента која се наоѓа на стомачето на инсектот и функционира како вистински соларен панел. 

„Пигментот познат под името ксантоферин је апсорбира сончевата енергија и ја трансформира во еден вид електрична струја (700 наноампери) која стршленот ја користи кога лета во потрага на храна“ објаснува авторот на научната студија. На прашањето зошто сончевиот панел е сместен токму на стомакот тој вели дека овој панел е на стомакот затоа што околу стомакот е најголемата активност на метаболизмот на инсектот.

Под микроскоп структурата на жолтата трака на абдоменот на стршленот изгледа многу сложено. Составена е од испапчени ќелии со шестоаголен облик со големина од околу 50 нанометри, и малечки вдлабнатинки во центарот.

Истражувачите велат дека големата способност на овие сончеви ќелии за апсорпција на сончевата енергија е зачудувачка. Заради овој факт, стршлените се хиперактивни кога сонцето силно грее.

Сето ова е чудно, но и не е! Низ историјата, повеќето човекови изуми, апарати и помагала, од најпрости до најсложени, се имитација на природни биолошки модели. Така било во минатото, а очигледно ваквиот пристап ќе продолжи и во иднина.

- Реклама -