Периоден систем на човечко влакно (видеа)

периоден системНано-научници од Универзитетот од Нотингем го создале најмалиот периоден систем во светот, резбајќи го на човечко влакно. Користејќи комбинација од „печатач“ кој користи зрак од јони и електронски микроскоп, тие успеале да ги изрезбаат симболите за сите 118 елементи на едно влакно.

{youtube}cQU2IAsQak8{/youtube}

Влакното му припаѓа на професорот Мартин Полиакоф, експерт во зелена хемија. Бидејќи се ближи Божиќ, научниците напишале и „Среќен Божиќ“ на кристалната структура на снегот.

{youtube}_hcp5NT0AyI{/youtube}

- Реклама -