Кога Mike Kuniavsky го купил tired.com не ни помислувал дека страницата ќе прерасне во огромен сајт за исповеди. Како и секоја голема работа, и оваа започнала како шега. Кликнете на сликата за да ја дознаете вистината за tired.com.
Кога Mike Kuniavsky го купил tired.com не ни помислувал дека страницата ќе прерасне во огромен сајт за исповеди. Како и секоја голема работа, и оваа започнала како шега. Ви ја претставуваме вистината за tired.com.
Ако го посетите tired.com ќе ве дочека навистина најпростиот сајт на светот. Единственото нешто што ќе го видите се зборовите: Дали сте уморни? Кажете ни зошто. Ако кликнете на линкот ќе може да испратите e-mail и да му кажете на Mike зошто сте уморни. Толку е едноставно!
“Беше шега“ – вели Mike. “Го напишав тоа само колку да има нешто на страната“.
Првата порака пристигнала веднаш. Следувале 20 во наредните 24 часа, 100 во првата недела. До денес има примено преку 32.000 пораки. Секоја е интимна, секоја е посебна.
Како на пример овој тип кој испил премногу:
Навистина ми е преку *** од овие хомофобични срања.
Дали некогаш ќе бидеме луѓе? Кога?
Исто така би требало и повеќе да спијам.
Пијан сум.