Периодниот систем ќе доживее промена

периоден системПериодниот систем на елементи, со кои првпат се запознавте на часовите по Хемија бил погрешен. Научниците ќе извршат корекција на атомската тежина на 10 елементи во ново издание на периодниот систем.

Новиот периоден систем, кој е опишан во извештај кој ќе биде издаден овој месец, ќе ја прикаже атомската тежина на десет елементи – водород, литиум, бор, јаглерод, азот, кислород, силициум, сулфур, хлор и талиум – на нов начин кој поточно ќе покаже како овие елементи се наоѓаат од во природата.

„Повеќе од век и половина, многу од нас биле учени да ја користат стандардната атомска тежина – една вредност – која се наоѓа во периодниот систем. Со напредокот на технологијата, откривме дека тие броеви не се теолку статични како што претходно верувавме“ вели доктор Мајкл Висер, асистент на Универзитетот од Калгари кој е секретар на комисија за атомска тежина при Меѓународниот Сојуз за Чиста и Применета Хемија (International Union of Pure and Applied Chemistry – IUPAC). Оваа организација ја надгледува проценката и ширењето на вредностите на атомската тежина.

Атомските тежини на овие 10 елементи во новиот периоден систем ќе бидат прикажани како интервали, со горна и долна граница, која на попрецизен начин ќе ја прикаже варијацијата на атомската тежина. [Atomic Weights of 10 Elements on Periodic Table About to Make an Historic Change]

- Реклама -