Сите причини поради кои жените изневеруваат!

Многумина ќе се согласат дека мажите изневеруваат почесто од жените, но тоа баш и не е така….

Жените ги изневеруваат мажите поради многу причини.Една од нив е кога жената се чувствува потценето и ако партнерот ја игнорира.

Жените кои се чуствуваат како слугинки и жените кои го издржуваат семејството често се случува да побараат внимание некаде на друго место. Причината за изневерување може да биде и недостатокот на интимност, бидејќи жените посакуваат поврзаност со својот партнер низ несексуална емотивна интеракција, како што се допир, бакнеж, мазење, подароци и слично.

cheating_woman.jpg  422-284

Незадоволството од партнерот кај жената произведува потреба за пронаоѓање на друга сексуална или романтична врска.

Со аферите се полнат празнините во животот

Досадата и осаменоста се исто така причини за изневерување. Доколку жените се сами подолг временски период, тие почнуваат да мислат дека во нивниот живот нема ништо значајно, па поради тоа се склони на повремени сексулани или романтични афери. Затоа не е редок случај жените да ги изневерат мажите кои се во војска.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Некои жени имаат нереални очекувања од долгогодишните партнери или мажи, а кога ќе се разочараат, барањето внимание на друго место го сметаат за оправдано.

cheating-girl-i-may-have-chea-scarred-37225

Жените може да страдаат и од пореметување на интимноста. Траумите од детството или сексуалното злоставување често доведува до сексуална зависност кај жената и (мажот) или чести изневерувања. Константноста и чувството на важност може да ги бараат низ интезивни романтични или сексуални активности.

- Реклама -