Навалувањето на главата ве прави попривлечни

МонроСпроред резултатите од истражување, спроведено од научниците од Универзитетот од Њукасл, Австралија, мажите и жените можат да се направата себе си поатрактивни за спротивниот пол со навалување на главата. Следен чекор на научниците е откривање дали потсвесно го менуваме аголот на главата во обид да привлечеме партнер во секојдневието.

Спроред резултатите од истражување, спроведено од научниците од Универзитетот од Њукасл, Австралија, мажите и жените можат да се направата себе си поатрактивни за спротивниот пол со навалување на главата. Следен чекор на научниците е откривање дали потсвесно го менуваме аголот на главата во обид да привлечеме партнер во секојдневието.

привлечност

Жените се попривлечни ако ја навалат главата напред, што би значело дека ќе треба да гледаат нагоре во својот соговорник. Спротивно на ова, мажите стануваат помажествени ако ја навалат главата назад, што би значело дека ќе гледаат надолу кон соговорникот. Научниците мислат дека ова може да биде поради разликата во висината помеѓу мажите и жените. Доктор Дарен Бурк и доктор Даниела Суликовски се сопружниците кои стојат зад ова истражување.

Доктор Бурк, професор по психологија на Универзитетот од Њукасл, Австралија, изјавил: „Привлечноста на човечкото лице од еволутивна перспектива е предмет на опширно проучувана. Но, иако го знаеме влијанието на женствените и мажествените црти, постои празнина во нашето знаење за тоа што се смета за мажествени и женствени црти. Сакавме да видиме дали гледањето на лице од поинаква перспектива, како резултат на разликите во висината, ќе влијае врз решението. Според нашето истражување, аголот на лицето име ефект врз привлечноста кај спротивниот пол.“

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

Во истражувањето биле користени компјутерски генерирани, тродимензионални модели на машки и женски лица. Моделите биле навалувани нагоре и надолу во пет различни позиции, по што учесниците ја оценувале нивната привлечност, како и степенот на мажественост и женственост. Доктор Суликовски вели дека резултатите даваат информации кои ќе помогнат во откривање на „мистериите на партнерските ритуали“. Тие сега планираат дополнително истражување за да видат дали луѓето потсвесно ги навалуваат главите додека флертуваат.

Таа додала: „Од научна перспектива, овие наоди придонесуваат многу кон нашето разбирање на улогата на привлечноста на лицето во еволуцијата. Иако истражувањето дава важни информации за нашата еволуција, наодите исто така даваат и неколку информации кои ќе помогнат да се откријат мистериите на партнерските ритуалиц на дваесет и првиот век. Следниот чекор е да се утврди дали луѓето го користат овој ефект во секојдневните сценарија за привлекување на партнери.“ [Attractiveness is all in tilt of the head]

- Реклама -