Пчелите можат да решаваат комплицирани математички проблеми за кои на компјутерите им требаат по неколку денови. Инсектите учат да летаат по најкусата патека помеѓу случајно откриените цветови, со што во основа го решаваат „проблемот на патувачкиот продавач“.
Пчелите можат да решаваат комплицирани математички проблеми за кои на компјутерите им требаат по неколку денови. Инсектите учат да летаат по најкусата патека помеѓу случајно откриените цветови, со што во основа го решаваат „проблемот на патувачкиот продавач“.
Според научниците од Ројал Холовеј од Универзитетот во Лондон, проблемот е наоѓањето на најкратката патека по која патувачкиот продавач ќе успее да стигне на сите локации кои мора да ги посети. Компјутерите го решаваат овој проблем споредувајќи ја должината на сите можни патеки, по што ја бираат најкусата. Пчелите успеваат да дојдат до истиот заклучок иако имаат мозок со големина на семе од трева.
Доктор Најџел Рејн, од училиштето за биолошки науки во Ројал Холовеј рекол: „Пчелите кои бараат цветови секојдневно го решаваат проблемот на патувачкиот продавач. Тие посетуваат цветови на повеќе локации и бидејќи користат многу енергија за летање, тие бараат патека која ќе го ограничи летањето на минимум.“ Користејќи вештачки цветови контролирани од компјутери за да го тестираат однесувањето на пчелите, научниците сакале да откријат дали инсектите ќе ја следат патеката дефинирана од редот по кој ги нашле цветовите, или ќе ја бараат најкратката можна патека.
По истражувањето на положбата на цветовите, пчелите брзо учат да одат по најкусата патека за да заштедат време и енергија. Резултатите од истражувањето, кои оваа недела ќе бидат објавени во The American Naturalist, имаат импликации за човечкиот свет. Модерниот живот зависи од разни мрежи, како на пример текот на сообраќајот, информациите на интернетот и ланците за снабдување на разни компании. „И покрај нивните мали мозоци се способни за неверојатни подвизи и однесување,“ вели Рејн. „Ние треба да разбереме како тие можат да решат толку комплициран проблем без помош на компјутер.“ [Bees’ tiny brains beat computers, study finds]