Новооткриениот фосил на видот Sarahsaurus aurifontanalis, кој се смета за тревопасен, покажа дека тој имал силни канџи и цврсти заби. Ова покажува дека можеби тревопасните диносауруси не биле само тревопасни, а и дека тие доминирале не со насилно однесување, туку со опуртунистичко.
Новооткриениот фосил на видот Sarahsaurus aurifontanalis, кој се смета за тревопасен, покажа дека тој имал силни канџи и цврсти заби. Ова покажува дека можеби тревопасните диносауруси не биле само тревопасни, а и дека тие доминирале не со насилно однесување, туку со опуртунистичко.
Фосилите на нови видови диносауроси со силни раце можат да дадат нова слика за видовите кои до сега се сметаа за мирни и тревопасни. Откритието на скелетот на Sarahsaurus aurifontanalis, кој живеел во Северна Америка пред околу 190 милиони години, ја претстави идејата дека барем некои диносауроси станале владетели во својата територија, не со доминација, туку со опуртунистичко однесување… и малку среќа.
Новооткриениот скелет, кој е најден во Аризона, покажува дека овој тревопасен ѕвер кој живеел во Јура периодот е 4,3 метри долг и 113 кг. тежок, што го прави помал од својот роднина Apatosaurus, кој настанал подоцна. Како и диносаурусите од видот sauropod – најголемите диносауруси кој некогаш чекореле по Земјата, Sarahsaurus исто така имале долг врат и мала глава. Но, новооткриениот скелет покажува дека имале силни заби и необична рака со канџи, која иако имала големина како и човечката, имала огромна сила и моќ на подигнување – според палеонтолозите.
„Дилемата е што овие животни биле тревопасни, но рацете и огромните канџи поставуваат многу нови прашања. На пример, што правеле со нив? И гледајќи ги забите, мислам дека би можеле да изедат сѐ што сакале, па тие можеби биле и месојади, а не само тревопасни животни“, вели Тим Ров, палеонтолог на Универзитетот во Тексас.
Диносаурусите, вклучувајќи го и Sarahsaurus, се верува дека потекнуваат од Јужна Америка – од тогашниот суперконтинент Пангаеа. Но како и зашто го освоиле остатокот од светот сѐ уште се дебатира. Интересно е што видот Sarahsaurus aurifontanalis најверојатно чекал природна катастрофа да го расчисти пределот, па тие да го населат. Со ова, тие не биле доминантни и суперирони напаѓачи, туку едноставно опортунисти. [New Strong-Handed Dinosaur May Shatter Assumptions]