Како јогата влијае врз нашиот ум?

Само 20 минути јога дневно се доволни за вашиот мозок да започне да функционира подобро отколку кога не вежбате, покажале најновите истражувања.

Истражувачите на универзитетот „Вејн“ во Америка откриле дека мозокот многу подобро функционира после 20 минути вежбање јога, одошто аеробик.

Испитаниците врз кои било спроведено истражувањето, после вежбањето јога можеле подобро да го „користат“ мозокот, побрзо да ги процесираат информациите и подобро да научат отколку кога се практикува аеробик.

170826698451b6e0e9ae4d0152020282_640x427

Дишењето и медитацијата го смируваат нашиот ум и телото, така што ни го оттргнуваат вниманието од споредните работи и не наведуваат да се фокусираме на телото и дишењето.

Во студијата биле вклучени 30 студентки кои вежбале по 20 минути јога и аеробик.

Јогата која вклучува медитација, помага да се ослободиме од напнатоста и стресот, а со тоа ги подобруваме и когнитивните способности.

- Реклама -