Кога ќе помислите на електрични тркалца, скиролот сигурно е последната работа која ви паѓа на памет. Сепак, благодарение на последниот изум на компанијата „Chaotic Moon“ овој производ наскоро ќе се најде на пазарот. Имено, неговиот „пронаоѓач“ Вилијам Харли, вели дека овој продукт е одличен за сите кои имаат одлични балансирачки способности.
За тоа колку ќе биде голема побарувачката на производот кој во целост ќе ја промени идејата за старите скироли се уште е рано да зе зборува, но мора да се признае дека електричниот скирол значително ќе го олесни напорот кој се вложува при неговото возење.