Што треба да јадете после тренингот?

После напорниот тренинг е многу важно да ја надоместите изгубената енергија, а притоа да не го загрозите, односно да не направите контра ефект и да го поништите сиот труд при изборот на храна.
Пред извесно време ви понудивме листа на намирници кои треба да ги конзумирате пред вежбањето, а во продолжение ви нудиме листа за брзо враќање на изгубената енергија, која нема да ја загрози вашата линија.

1. Мусли и јогурт

Мусли, намирници богати со јаглени хидрати, влакна и протеини, нешто што морате да го вметнете во вашето мени после вежбите. Како совршен спој можете да им додадете јогурт кој е богат со протеини и на тој начин ќе добиете совршен мал оброк кој брзо ќе ви ги наполни батериите за понатамошните активности.

2. Фрапе

Јогуртот како една од состојките на овој вкусен напиток помага во намалувањето на болките после напорниот тренинг и воспалените мускули. Помешајте го со некое овошје и ќе добиете совршен напиток кој ќе ве освежи, но и ќе ве заштити после вежбите.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

tofu

3. Парен зеленчук со тофу сирење

Веќе нагласивме дека е мошне важно да внесеме протеини после вежбите, а овој оброк освен што изобилува со тофу сирење, му помага на вашиот организам да извлече максимална добивка од тренингот, односно на вашето тело на вистински начин да ги искористи сите добивки од тренингот.

4. Сушено овошје

Слободно грицкајте сушено овошје после напорните вежби. Оревите изобилуваат со протеини, а јаглените хидрати се добри за обновување на оштетените ткива после напотните вежби.

Tuna-Sandwich1

5. Пилешки или туна сендвич

Доколку сакате некој конкретен оброк кој ќе ве засити после напорните вежби, најдобар избор е туна или пилешкиот сендвич. Хранливите својства на овие намирници се одличен избор за брзо опоравување и враќање на енергијата.

6. Хумус

Хумусот се прави од леблебија која изобилува со протеини и јаглени хидрати, па спаѓа во намирници кои секако би требало да ги јадете после тренингот.

- Реклама -