Само неколку дена по гласината дека Apple потпишале договор со Warner Music Group за нивно приклучување кон тимот за создавање на iRadio, сега се шпекулира дека Sony Music Entertainment е најновиот партнер кон креирањето на следното нешто кое гризнатото јаболко се надева дека ќе остави добар вкус во нашите уши.
iRadio како и сите други најавени изуми од Apple, создава голема фама дека тоа може да биде следното големо нешто, па така и најавениот проект, iRadio, кој се очекува јавно да биде најавен на една голема компјутерска конференција е надеж за Apple да постане компанија која ќе произведува продукти и услуги кои ќе го окупираат секој наш дел од живеењето.
Детали околу самиот договор не се објавени, освен дека начелно се договорени цените за песни кои iRadio треба да ги пушта на слушателите.
Сепак и покрај тоа што овој најнов музички стриминг сервис се очекува дека наскоро ќе и биде претставен на јавноста, неговото пуштање во употреба нема да биде во следната година дена.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk