Џиновски бран им ја уништи романтиката

Метју Хартман сакаше да и приреди на неговата девојка запросување кое ќе го запамети засекогаш. И со сигурност го постигна тоа. Како што ќе можете и самите да погледнете во видеото, токму во емотивниот миг кога тој клекна да ја побара Елизабет за сопруга, надојде огромен бран кој ги потопи и двајцата. Се надеваме дека прстенот бил добро прицврстен, па целиот настан им останал само како интересен спомен кој го документирал нивниот пријател Џон Хуанг.

[youtube]http://youtu.be/m4o3p9tPS3o[/youtube]

marriage-proposal-wave2 marriage-proposal-wave2 marriage-proposal-wave3 marriage-proposal-wave1

- Реклама -