Кога станува збор за пенисот важи мислењето дека поголемото е секогаш подобро, но дали е навистина така?
Верувале или не, некои пениси може да бидат преголеми, а сексот наместо задоволство да стане болен и непријатен. Ако вашиот партнер спаѓа во оваа категорија и имате тешкотии при сексот, имаме совети за вас.
Иако мажите си завидуваат едни на други поради големината на пенисот, вистина е дека е полесно со просечна големина на пенис. Сексот со многу надарени мажи може да биде многу болен.
Внимавајте на должината на предиграта
Ако практикувате долга предигра, може да имате корист. Вагината повеќе ќе се рашири, ќе се зголеми природната влажност, а пенетрацијата ќе биде полесна и помека. Колку што сте поопуштени, и физички и психички, повеќе ќе уживате.
Освен што треба да избегнувате алкохол, влажноста на вагината може да ја зголемите и со лубриканти за да ја олесните пенетрацијата. Имајте на ум и дека во текот на сексот треба да додавате малку лубрикант затоа што брзо се суши.
Најлоши пози за жени ако фраерот има голем пенис:
Doggy style – затоа што го тера мажот да полуди, а и пенетрацијата е подлабока
Пози со кренати нозе – овозможуваат директен длабок влез
Било која поза во која тој ја има контролата – освен ако му верувате целосно дека ќе биде нежен и внимателен
Избегнувајте анален секс – затоа што може да биде уште поболен
Најдобри пози за жени ако фраерот има голем пенис:
Жената е горе – ова е добро затоа што таа ја контролира пенетрацијата и колку длабоко ќе влезе. Не му дозволувајте да ве фати за колковите и почне да ја контролира ситуацијата
Мисионерска поза – е добра затоа што жената може малку да ги собере нозете и да ја контролира пенетрацијата, а освен тоа партнерот и го гледа лицето па може да забележи ако ја боли
Spoon – е добра затоа што никој не може да направи потег што ќе поттикне длабока пенетрација