Телескопот Хабл фотографираше вселенско тело што се движи со брзина од 17700 km/h

АстероидНАСА вели дека P/2010-A2 можеби е комета која настанала како резултат на судар помеѓу 2 претходно непознати астероиди. Едно е сигурно – ова е првпат да биде забележано вакво вселенско тело.

НАСА вели дека P/2010-A2 можеби е комета која настанала како резултат на судар помеѓу 2 претходно непознати астероиди. Едно е сигурно – ова е првпат да биде забележано вакво вселенско тело.

АстероидP/2010-A2 е вселенско тело што неодамна беше фотографирано од телескопот Хабл. Она што го прави различно од сите до сега фотографирани вселенски тела е структурата која не се совпаѓа со ниту една дефиниција. Не се работи за астероид, затоа што има опашка, но не е ниту комета, затоа што јадрото долго 14 метри е надвор од опашката.

Прочитајте и:  Исланд ќе добива електрична енергија од вселената

Едно од објаснувањата што ги даде НАСА е дека можеби се работи за комета која штотуку настанала како резултат на судар  помеѓу 2 до сега непознати астероиди. Поради тоа, опашката е различна од сите комети кои ги имаме видено, затоа што е полна со фрагменти од вселенските тела кои го создале P/2010-A2.  Едно од најзагадочните прашања по однос на P/2010-A2 е фактот што фрагментите во опашката формираат Х малку настрана од јадрото. Сепак, истражувањето продолжува, а сега за сега ништо не е сигурно.

- Реклама -