Вселенскиот телескоп Шпицер, во споственост на НАСА, откри нов, џиновски прстен во сатурнскиот систем. Истиот е на поголема оддалеченост од планетата отколку до сега познатите прстени, значително е поголем и се наоѓа во различна рамнина.
Вселенскиот телескоп Шпицер, во споственост на НАСА, откри нов, џиновски прстен во сатурнскиот систем. Истиот е на поголема оддалеченост од планетата отколку до сега познатите прстени, значително е поголем и се наоѓа во различна рамнина.
Температурата во новооткриениот прстен е -194 степени целзиусови, сепак, тој зрачи термална радијација и благодарение на тоа беше откриен. Се состои од тенок слој на честички прав и парченца мраз. Навален е под агол од 27 степени во однос на видливите прстени околу Сатурн.
Прстенот започнува на оддалеченост од 6 милиони километри од планетата, а се простира до 12 милиони километри од Сатурн. Толку е голем што би биле потребни милијарда Земји за да го пополнат.
Фиби, месечината на Сатурн орбитира во внатрешноста на прстенот и се верува дека е извор на голем дел од материјалот кој се наоѓа во прстенот. Тука е и месечината Јапет, која орбитира многу блиску, а е своевидна астрономска мистерија поради фактот што има една многу сјајна и една многу темна страна. Се верува дека материја од прстенот паѓа и насилно удира во површината на месечината и на тој начин го предизвикува феноменот.
Фиби и новооткриенот прстен орбитираат околу Сатурн во една насока, додека Јапет и сите останати месечини во спротивната. Оваа аномалија дополнително ќе биде истражена пред да се донесат дефинитивни заклучоци. Во ова и натаму значајна улога ќе игра вселенскиот телескоп Шпицер, кој се наоѓа на 66 милиони километри од Земјата, во орбита околу Сонцето, а е управуван од опсерваторијата на НАСА во Пасадина, Калифорнија.