Џеј Зи, еден од најпопуларните рапери и хипхоп продуценти треба да склучи мега договор со технолошкиот гигант Samsung вреден 20 милиони американски долари.
Оваа соработка меѓу рап могулот и Samsung ќе се оствари во делот на мултимедијалните и забавни содржини особено во делот на апликацијата Music Hub за која и нема многу позитивни коментари.
Слична соработка има уште една рап легенда, а тоа е Доктор Дре кој соработува со HTC и слушалките Beats Audio. Веста за договорот меѓу Џеј Зи и Samsung ја пренесува угледниот New York Post, па останува во наредниот период да се реализира.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk