Колку ја познавате планетата на која живеете? Знаете ли од што е составена атмосферата, од што се составени пустините на нејзината површина или што сè ни паѓа над главите во текот на само една година? Следат 10 неверојатни факти за Земјата.
Колку ја познавате планетата на која живеете? Знаете ли од што е составена атмосферата, од што се составени пустините на нејзината површина или што сè ни паѓа над главите во текот на само една година? Следат 10 неверојатни факти за Земјата:
1. Атмосфера
Атмосферата на нашата планета е составена од повеќе слоеви: мезосфера, јоносфера, ексосфера и термосфера. Најважна сепак е тропосферата која е и најблиску до површината. Таа, иако е со дебелина до најмногу 16 километри е клучното нешто што ни овозможува живот.
2. Пустини
Најголемиот дел од пустините во светот не се прекриени со песок. Околу 85 проценти од нив се полни со карпи и чакал. Најголемата пустина, Сахара, во моментов зафаќа точно една третина од Африка и згора на тоа постојано се шири.
3. Земјината топка
Земјата не е топка. Точната формулација за нејзината форма е облатен сфероид, што значи дека е сплескана на половите и издолжена на екваторот.
4. Солени океани
Да беше возможно да се направи сета вода од океаните да испари, а солта што ќе остане на дното да се распрска по денешната копнена маса на Земјата, тогаш сè ќе беше прекриено со 150 метри дебела покривка.
5. Езера и мориња
Најголемото копнено море или поточно езеро е Каспиското Езеро кое се наоѓа на границата помеѓу Иран и Русија. Ова езеро некогаш било дел од морскиот басен, но со тектонските поместувања останало заробено сред копнена маса. Без разлика на фактот што технички се работи за езеро, Касписката водена површина ги има сите карактеристики на море.
6. Планини
Најдолгиот планински венец на Земјата се Андите (Јужна Америка) со вкупна должина од 7282 километри. Втор најдолг венец се Карпестите Планини (Северна Америка), трет Хималаите (Азија), четврти Поделбата на Големото Пространство (Австралија) и петти Транс-Антарктичките Планини (Антарктик).
7. Длабочини
Најдлабоко езеро на планетава е Бајкалското Езеро во Русија. Но, тоа не е само најдлабоко. Долго е 644 километри, широко е приближно 48, пополно е со вода отколку сите Големи Езера од северноамериканскиот континент заедно и содржи околу 20% од сета површинска слатка вода на светот. Длабочината му изнесува 1,64 километри.
8. Нестабилна почва
Сите знаеме дека земјотресите се опасни и неретко носат со себе многу човечки жртви и материјална штета. Но, веројатно не сте знаеле дека годишно се случуваат околу милион земјотреси. Најголемиот дел од нив воопшто не се ни регистрираат.
9. Жештина
Многумина веруваат дека Долината на Смртта во Калифорнија е најжешкото место на планетава. Понекогаш тоа е точно, но рекордната измерена температура ни доаѓа од местото наречено Азиза во Либија. На 13 септември 1922 година, таму биле измерени 57,8 степени целзиусови.
10. Вселенски прав
Пресметано е дека годишно на Земјата паѓаат околу 1000 тони вселенски прав и ѓубре. Никогаш повеќе нема да гледате на небото со истите очи, нели?