Пронајдена алката која недостасуваше (видео)

Алката која недостасуваше Пред два дена претставени беа резултатите од истражувањето на фосилите стари 47 милиони години, за кои научниците сметаат дека се алката која недостасува. Дарвиниус мисалае е предоната животинска форма што ефективно ја докажува еволуцијата и ги руши креационистичките тези кои беа поткрепени од „непостоењето“ на ова животно.


Алката која недостасуваПред два дена претставени беа резултатите од истражувањето на фосилите
стари 47 милиони години, за кои научниците сметаат дека се алката која
недостасува. Дарвиниус мисалае е предоната животинска форма што
ефективно ја докажува еволуцијата и ги руши креационистичките тези кои
беа поткрепени од „непостоењето“ на ова животно.

Фосилите кои ги гледате на сликата беа наречени светиот грал на еволуционизмот од страна на научниците. Се работи за речиси совршено зачувани остатоци од примат стар 47 милиони години, а за кој научниците велат оти е долго бараната преодна форма помеѓу луѓето и горилите.

Суштеството што официјално се именува како Дарвиниус мисалае, има спротивно поставени палци и нокти наместо канџи. Формата на нозете нуди доказ дека оттука започнуваат промените во животинскиот свет кои довеле до исправеното одење, нешто што ефективно ја потврдува теоријата на Чарлс Дарвин.

{youtube}4rwIM2AZKc4{/youtube}
- Реклама -