Некоја наставничка од основно училиште, ги замолила својте ученици, на часот по Македонски јазик, да напишат есеј на тема: Што би го замолил Господ да направи за тебе?
На крајот од денот, кога ги прегледувала есеите, еден од нив ја расплакал. Во тој момент влегол нејзиниот сопруг и ја запрашал: Што е пак сега? Зошто плачеш?
Тивко му го подала листот хартија: Прочитај го есејов, на еден од мојте ученици е!
“О Господе, вечерва би те замолил за нешто многу специјално: Те молам, направи ме телевизор, сакам да го заземам неговото место. Би имал мое специјално место и цело семејство би било околу мене секој ден. Би ме сваќале сериозно кога зборам и не би ме прекинувале. Тато одма после работа би седнал со мене, а мама кога ќе биде тажна ќе ми се посвети мене. Моите браќа би се тепале да бидат со мене. А како за на крај, јас би бил толку интересен, што сите би ги забавувал цела вечер. Господе, не барам многу, само да живеам како секој нормален телевизор”
Откако завршил со читањето, сопругот кратко искоментирал: О господе, колку тажно дете. Родителите треба да се казнат!
Таа го погледна него и прошепоти: Тоа е есејот на нашиот син!