Поради бавниот превоз, тешкиот багаж и немањето информации за далечните
места пред педесетина години патувањата ни оддалеку не беа популарни,
ниту удобни како што се денес. Секако нештата се значително променети,
а тоа се должи на иновациите што го сменија начинот на патување и
уживањe во новите дестинации. Бидете благодарни за овие десет помошни
патувачки средства и проверете дали и вие би ги рангирале вака:
Поради бавниот превоз, тешкиот багаж и немањето информации за далечните места пред педесетина години патувањата ни оддалеку не беа популарни, ниту удобни како што се денес. Секако нештата се значително променети, а тоа се должи на иновациите што го сменија начинот на патување и уживањe во новите дестинации. Бидете благодарни за овие десет помошни патувачки средства и проверете дали и вие би ги рангирале вака:
10. Online мапи
Една од најкорисните алатки која не само што ја покажува насоката, туку и најкраткиот пат од вашиот аеродром до хотелот, и најбрзиот пат од хотелот до најблиските ресторани и музеи.
9. Дигитална фотографија
Порано на одмор се сликаа стотици фотографии и се сметаше за невиден успех ако барем половина од нив вреди да се зачуваат. Со дигиталните апарати се збогувавме со замижаните фаци, матните слики и осветлените филмови. Сега може да сликате илјадници добри фотографии што потоа ќе си ги зачувате во компјутер, сосем бесплатно ќе ги разгледувате и ќе ги развиете најдобрите тогаш кога ќе имате пари.
8. Online чекирање летови
Особено корисно за оние кои често патуваат online чекирањето го заштедува времето што инаку се трошеше во стоење во ред. На овој начин дури и можете да си го одберете седиштето, а сè што треба да направите е да чекирате и да го испринтате билетот.
7. GPS навигација
Тоа е вашата ориентација за места во кои никогаш порано не сте биле. Ви кажува кога и каде да свртите, па дури и ве информира за гужвата во сообраќајот и ви го нуди најкусиот пат. Нема шанси да залутате!
6. Банкомати
Можноста брзо и едноставно да се извадат пари било каде во светот, во било кое време, во било која валута! Не се ни споредува со чекањето ред во менувачница, обидот да се разберете со вработениот и држење рака во џеб од страв да не налетате на некој интернационален џепарош.
5. Мобилни телефони
Веќе нема потреба да талкате во потрага по телефонска говорница и да се нервирате кога немате монети при рака. Може да пратите порака дома, како и да се јавите на било кој број од итните служби ако случајно се најдете во неволја
4. Интернет – Во хотел или во локално интернет кафè во секое место од развиениот свет. Иако online опциите наведени на листава подразбираат пристап до интернет, сепак ќе го спомнеме и како посебна точка бидејќи е неверојатно корисн за се` што може да ви затреба, дома и на одмор. И што повеќе да се каже – интернет и сè е можно.
3. Учење од туѓите грешки
Повторно врзано со интернетот, но заслужува посебно место на листата – откако ќе си одберете место, треба само да побарате некој кој веќе бил таму и да дознаете дали брошурата лаже. Со интернетот нема шанси да најдете место за кое нема да најдете барем стотина луѓе расположени да ви ги откријат впечатоците од прва рака.
2. Online резервации
Ова е вистинска туристичка револуција, практичен изум што овозможува едноставно планирање и уште поедноставно менување на плановите. Веќе не мора да зависите од туристичките агенции, секако ако имате виза. Од резервирање карти за превоз и престој во хотел, до резервирање карти за концерти и претстави – што повеќе би сакал патник како вас?
1. Куфери со тркалца
Иако не звучи футуристички како останатите, победник е куферот со тркалца. Еден од оние како-мене-не-ми-текна изуми што ги сменија и пакувањето и патувањето. Сега си носите сè што ќе ви текне, а ни за миг не се плашите од болки во грбот.
Среќен пат!