Во што гледате?

Повеќе...

Секој од нас барем еднаш посакал да пренесе некоја информација без да направи некое движење со телото, да објаснува, со говор или преку тастатура, всушност да има повеќе контрола врз она што се вика телепатија. За Јапонските научници тоа е сега возможно.


experiment.jpg

Секој од нас барем еднаш посакал да пренесе некоја информација без да направи некое движење со телото, да објаснува, со говор или преку тастатура, всушност да има повеќе контрола врз она што се вика телепатија. За Јапонските научници тоа е сега возможно.
Тие преку анализа на скениран мозок направиле копии на сликите кои ги перципира мозокот и се надеваат дека ваквата студија ќе им помогне на луѓето со говорна мана или на лекарите кои ги изучуваат менталните пореметувања, иако постојат некои спорови од етичка природа затоа што нивниот метод би можел да биде искористен и за набљудување на соновите.
Кога би можеле да примиме информација директно од мозокот би било возможно да комуницираме со поедноставно размислување на она што сакаме да го кажеме, а притоа да не се померуваме. 
Ваквата технологија би им помогнала на луѓето кои не можат да зборуваат или дека ќе помогне да се визуелизира процесот на халуцинација на особите со ментално пореметување. Кога гледаме мрежницата ја претвора светлоста во електрични сигнали во позадината на очните јаболчници кои понатаму ги обработува мозокот. Јапонските научници се користеле со скенирање на мозокот како би можеле да ги набљудуваат активните шеми во делот задолжен за вид. За тоа им послужиле двајца доброволци кои претходно прегледале повеќе од 400 различни слики во бела, црна и сива боја. Потоа на испитаниците им биле прикажувани различни црни и бели геометриски фигури и букви од азбуката. Компјутерскиот програм на научниците успеал да ги репродуцира фигурите и буквите во кои доброволците гледале иако сликите биле по малку нејасни за разлика од оригиналите. 
Со овој експеримент успеале да ги реконструираат сликите на она што луѓето навистина го виделе и се смета дека делот од мозокот задолжен за визуелното е активен и кога само замислуваме нешто. Наредниот чекор како што изјавиле научниците е да ја визуелизираат внатрешноста на човечкиот ум.
"Сакаме да дознаеме како нашите субјективни искуства и сни се изразени во мозокот" – изјавил Yukiyasu Kamitani, водач на овој истражувачки проект, а доколку тимот успее да го спроведе и овој план ќе биде потребна јака контрола за почитување на приватноста. [What are you looking at? Japan scientists find out]
Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите
- Реклама -