Официјално претставен водоотпорниот Galaxy S4 Active

Иако се шпекулираше дека Samsung ќе го претстави Galaxy S4 Active на 20 јуни за кога е закажана прес конференција во Лондон, сепак тоа не се случи. Вчера официјално пристигна новиот модел на еден од најдобрите Android уреди S4, а тоа е водоотпорниот Galaxy S4 Active.

 

Samsung-Galaxy-S4-Active-Emerges-in-Turquoise

Најновиот смартфон S4 Active има Full HD LCD екран од 5 инчи со резолуција од 1080х1920 пиксели, со дебелина од 9mm, 4-јадрен процесор со брзина од 1.9GHz, 2GB RAM меморија, 8МР задна камера, LTE/HSPA+ радио, внатрешна меморија од 16GB но и micro SD слот за дополнителна картичка, одлична батерија од 2600mAh, и оперативен систем Android 4.2.2 кој работи на најновиот интерфејс TouchWiz Nature.

Прочитајте и:  20-80 правилото за полнење на батериите го продолжува нивниот век, но немојте да го користите

samsung_galaxy_s4_active_speculation_1_1368455421_540x540

Galaxy S4 Active има IP67 сертификат што значи дека телефонот е отпорен на прашина и на вода на длабочина од 1 метар за период од 30 минути. Исто така, смартфонот има опција ‘Glove Touch’ што значи дека на интерфејсот ќе може да се работи со ракавици, како и опција ‘Aqua Mode’ како дел од камерата која помага да се прават подобри слики и видео под вода.

Samsung-Galaxy-S4-Active

Овој модел ќе биде пуштен во продажба во почетокот на летото, најпрво со испорака во САД и Шведска, и ќе биде достапен во три бои: сива, сина и портокалова. За деталите околу цената се уште нема информација.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -