Библијата не учи дека Господ ги создал Адам и Ева пред неколку илјади години. Науката не убедува дека тоа е измислица и дека светот е настанат пред неколку милиони години, а додека цивилизациите се стари само неколку илјади години.
Библијата не учи дека Господ ги создал Адам и Ева пред неколку илјади години. Науката не убедува дека тоа е измислица и дека светот е настанат пред неколку милиони години, а додека цивилизациите се стари само неколку илјади години.
Можно ли е и двете теории да се грешни? Од многуте пронајдоци кои што се собрани последниве години можеби би требало да очекуваме и трета теорија. А и зошто да не?
Засечените сфери
Изминативе неколку децении рударите од Јужна Африка ископуваат мистериозни метални сфери со диаметар од 2 до 3cm на кои што се наоѓаат три паралелни засекотини околу нивната површина. До сега се пронајдени два вида на сфери: едниот вид е обвиткан со мали бели дамки, а другиот вдлабнат и исполнет со сунгереста бела материја. Најчудното е тоа што карпата каде што се пронајдени е стара 2.8 билиони години. Кој ги направил и со која намена, сеуште е непознато.
За нив уште на почеток ќе им кажеме дека постои батерија стара 2000 години! Уредот се состои од вазна висока околу 15cm во која што има бакарен цилиндар прикачен на асфалт, а во цилиндарот оксидиран железен цилиндар. експертите кои што ја разгледале оваа античка батерија тврдат дека потребно е само да се исполни со киселина или алкална течност и да проработи. Се верува дека овие батерии се користеле за обработка на златни предмети.
Прашањето сеуште останува… Како е можно ваква технологија да изумри и повторно да се роди после 1800 години?
А исто така загадочен и е пронајдокот на човечка стапалка за која се смета дека е направена од сандала, а потекнува од пред 300 до 600 милиони години!