Како да мирисате убаво и свежо „таму доле“?

Непријатниот мирис на вагината може да биде индикација на бројни здравствени проблеми. Во прашање може да биде инфекција, лош начин на исхрана, а ако не сте задоволни со мирисот „таму доле“ и сексуалниот живот може да страда. Ви откриваме како секогаш да мирисате убаво и свежо.

Редовно посетувајте гинеколог

vagina

Непријатниот мирис можеби го имате поради инфекција за која не сте свесни, а ако тоа е причината гинекологот најдобро ќе знае да го открие тоа и да ви препише лек. Дури и ако сте задоволни со својот интимен мирис не пропуштајте секои шест месеци да одите на преглед.

Одржувајте хигиена

Правилното одржување на интимните делови од телото значи да користите гел за интимна хигиена кој е PH неутрален. Секојдневното туширање се подразбира.

Внимателно бирајте ја долната облека

Најдобро е да биде од памук. Тоа е ткаенина која најмалку ја иритира кожата. Свилената, сатенската и останатата секси долна облека носете ја само во посебни прилики.

Билни чаеви

F

Повремено мијте ги интимните делови со билни чаеви. На пример, еднаш неделно користете чај од камилица.

Мирисате на храната што ја внесувате

Храната што ја внесувате во организмот влијае на мирисот на вагината. За свеж мирис се препорачува ананас, но и останатото овошје. Пијте многу вода, избегнувајте алкохол, риба, зачинета храна, ракчиња. Комбинацијата на млеко и бадеми или млеко и мед ќе ви даде сладок мирис.

- Реклама -