Јапонските истражувачи заедно со фановите на оригами се здружија заедно да направат авион од специјална хартија што подоцна би го лансирале во вселената од Интернационалната Вселенска станица со цел повторно да слета на планетата Земја.
На 17 Јануари истражувачите започнаа да ја тестираат силата и отпорноста од топлина на авионот прототип кој е голем само 8см, во тунел со многу брз ветар во Окашива кампусот на универзитетот во Токио. Во овие тестови оригами авионот, кој е конструиран како вселенски брод со можност да издржи голема температура, ќе се бори со брзината на ветрот Mach 7, или приближно 8600 километри на час.