Изработен најтемниот материјал досега

black-carpet_introНаучниците на Rice University во Хјустон го изработија најтемниот материјал досега. Се работи за тепих направен од карбонски наноцевки, кој е 100 пати потемен од црна Корвета.


carbon_nanotubes

Научниците на Rice University во Хјустон го изработија најтемниот
материјал досега. Се работи за тепих направен од карбонски наноцевки,
кој е 100 пати потемен од црна Корвета. 

Научникот што го изработил материјалот, Pulickel Ajayan, самиот бил
изненаден од крајниот резултат – неговиот тепих рефлектира само 0,045%
светлина. Тој смета дека овој патент може во голема мера да допринесе
во усовршувањето на соларните панели што служат за апсорбција на
сончевата енергија, како и во изработката на телескопи.

Пронајдокот е веќе предложен за кандидат во Гинисовата книга на
рекорди, бидејќи е четири пати потемен од досега познатиот рекордер –
легура на никел и фосфор, креирана од научници во Лондон, која
рефлектирала 0,16% светлина. Линк

- Реклама -