8 причини да го деактивирате вашиот профил на Facebook

Ако денес кажеш на некого дека немаш Facebook профил, сигурно ќе помислат дека сте луд. Како е тоа можно? Како инаку вашите пријатели ќе ги следат вашите постигнувања, вашите врскии, килограмите кои сте качиле итн? Со други зборови – како ќе ве демнат онлајн?

Егзистенцијалната криза на XXI век е веќе факт. “Ако нешто се случи и не се објави на Facebook, дали навистина се случило?”. Шега настрана, за многумина Facebook е кралот на социјализацијата и ако немате профил значи немате пријатели.

Наместо да го направи подобар сепак, социјалната мрежа често може да му наштети на вашиот живот. Да, но со Facebook се поврзувате со старите пријатели, можете да си разгледувате нови предлози за работа и да одржувате еден дигитален дневник на својот живот. Во последно време, сепак социјалната мрежа се претвора во црна дупка во која зависта и натпреварот преовладуваат, во која самодовербата се утврдува врз основа на претходно избрани фотографии со ваша етикета.

t1larg.facebook.settings.courtesy

Затоа се поставува прашањето зошто едноставно да не излеземе од неа? Лесно е да го кажеме, тешко е да го направиме. Деактивирањето на профилот е крајна опција, но еднаш штом го намалите времето поминато во социјалната мрежа, ќе видите каков позитивен ефект ќе има врз вашиот живот.

Еве неколку причини, заради кои вреди да го исклучите својот профил.

1. Несвесна зависност

Facebook станува навика. Сосема можно е да станеме зависни од мрежата, покажуваат некои истражувања. За разлика од пушењето и други опасни навики, зависноста од Facebook се забележува многу потешко. Со други зборови – може и воопшто да не се сомневате дека не може да живее без социјална мрежа. Жените просечно поминуваат по 81 минути на ден во Facebook, додека мажите – 64 минути.

Генерално Facebook е како кредитна картичка, со која се троши време кое не можеме да си го дозволиме.

2. Ниска самодоверба

Сме качиле еден-два килограми во празниците? Нормално. Facebook сепак ќе ве натера да се чувствувате уште полошо од овој факт.

Според едно истражување корисниците на социјалната мрежа (најчесто жените) стануваат екстремно претенциозни кон својот изглед, кога ги гледаат сликите на свои пријатели. Повеќе од половината од вкупно 600 лица кои учествувале во истражувањето, велат дека онлајн албумите на останатите корисници ги прават не сигурни. Тие започнуваат да сакаат да го имаат истото тело, дури и одлучуваат да ослабат. На крајот сето тоа остава кај луѓето едно негативно чувство.

Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук

3. Барање на работа

Дали навистина е подобро да го деактивирате вашиот профил, кога во потрага по нова работа? Според некои истражувања 90 проценти од работодавците ги прегледуваат профилите на кандидатите во желбата да проценат дали се соодветни за работното место. 69 проценти од истите овие работодавци сепак решаваат да отфрлат даден кандидат поради содржината што откриваат во социјалните мрежи.

Други истражувања пак покажуваат дека некои работодавци човек кој нема Facebook профил, гледаат го како психопат (едно од најекстремните заклучоци).

Дури и да не мислите дека профилот ви не содржи нешто непристојно, никогаш не можете да бидете сигурни каква ситница ќе го натера работодавачот да промени својата одлука.

4. Апликација во универзитет

Исто како кај барањето на нова работа, сигурно не сакате вашите грешки од училиште да ви ги расипат идни планови. Пак и подготовката за аплицирање ќе биде далеку полесна, ако Facebook не ве прекинува на секои пет минути.

5. разделбата

Ако штотуку сте се разделиле со својот сакан, направете услуга на сите ваши пријатели во мрежата. Никој не сака да чита горчливите коментари во кои тврдите дека сте го / ја “преболеле”. Очигледно е дека тоа не е така.

Без Facebook ќе може да го заборавите својот бивш партнерка многу побрзо, посебно кога нема да го/ја следите секоја нејзина / негова акција онлајн.

6. Facebook завист

Ново истражување покажува дека Facebook често предизвикува и завист. Повеќето луѓе ја користат социјалната мрежа за да се пофалат со своите лични успеси. Facebook зависта може да доведе и до ширење на озборувања или онлајн малтретирање. Доколку го деактивирате вашиот профил ќе се чувствувате многу подобро од фактот дека не морале да градите онлајн имиџ пред останатите.

7. Пред испит

Ако сте студентите тогаш сигурно знаете колку е тешко да се учи за следниот испит. Зошто треба да го додаваме и Facebook во оваа равенка? Деактивирањето на профилот за време на сесија ќе ви го олесни животот и несомнено ќе доведе до подобри резултати.

8. Личен простор

Зачувувањето на личниот простор во мрежата е сериозен проблем за секој корисник на интернет. Самиот факт дека Facebook постојано ги менуваат условите за заштита на личните податоци, е доволно за да ве натера да излезете од социјалната мрежа.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -