Јуни е месец на нови претставувања од Apple, Samsung и Microsoft

Мај беше голем месец за големите технолошки брендови бидејќи продажбата на Samsung Galaxy S4 почна да руши рекорди, Google ја одржа својата годишна I/O конференција, а Microsoft конечно ја лансираше следната генерација на Xbox One видео гејмерската конзола. Минатиот месец беше навистина значаен, но по се изгледа јуни ќе биде уште поголем.

ios-7-concept-customization

Големите акции ќе започнат следната недела кога Apple ќе го претстави iOS 7 со огромен редизајн, заедно со новата верзија на OS X, потоа надградени Mac компјутери, а можеби дури и iRadio.

941786_572336986144450_1438383430_n(1)

По една недела настапува Samsung со нови Android и Windows уреди меѓу кои најверојатно ќе бидат Galaxy S4 Zoom и Galaxy S4 Active, а потоа следи BUILD конференцијата на Microsoft која започнува на 26 јуни и се очекува да биде претставена нова верзија на Surface таблетот од 8 инчи. Сите три – Microsoft, Sony и Nintendo, имаат големи работи веќе спремни за претставување за годишната E3 конференција која започнува следната недела исто така, што значи дека за фановите на технологијата нема многу одмор до јули.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -