Ник Кејв на Егзит

Еден од најистакнатите изведувачи на алтернативен рок Ник Кејв ќе настапи на фестивалот Егзит на 14 јули каде што ќе го претстави новиот албум „Push The Sky Away“.

На музичкиот фестивал во Нови Сад чиј слоган е „Р:Еволуција“, Кејв ќе го промовира 21. албум, односно 15. што го сними со бендот „The Bad Seeds“.

„Кога би морал да ја употребам онаа клише фраза дека на албумите гледам како на мои деца, тогаш „Push The Sky Away“ дефинитивно е како некое бебе. Песните се нови, но сепак звучат „олд скул““, рекол австралискиот кантавтор за албумот кој излезе во февруари.

Посетителите на Егзит за првпат ќе имаат можност да слушнат некои од нумерите кои музичките критичари ги оценија како „ремек-дела“.

Прочитајте и:  Ник Кејв и The Bad Seeds во Арена Загреб – Најдобар. Концерт. Некогаш.

Оваа година на Петроварадинската тврдина ќе настапат „Atoms For Peace“, „Bloc Party“, Си Ло Грин, Дејвид Гета, Снуп Дог, Фетбој Слим, Prodigy…

- Реклама -