Подолго време се шпекулира за нов огромен смартфон со големина од 6.5 инчи на Sony со кодно име Togari, но конечно доаѓаат потврди од повеќе извори дека ваков уред е реалност и ќе биде претставен наскоро.
Togari или Sony Xperia L4 ќе биде вистински рекордер и според големината на екранот и резолуцијата, но и поради одличните хардверски компоненти. Овој уред исто така ќе работи со функционално пенкало за добивање на голем број на дополнителни функции кои ги има и Samsung Galaxy Note.
Oд останатите компоненти се очекува Sony Togari да биде опремен со најдобриот четири-јадрен процесор со брзина од 2.3 GHz, 3 GB RAM, 13 МP Exmor камера, мега батерија со капацитет од 3500 mAh, а за оперативниот систем ќе биде задолжен Android 4.2.2.
На овој начин Sony Togari директно ќе атакува на најавениот Samsung Galaxy Note III, бидејќи се очекува и двата слични уреди да се појават кон почетоткот на есента со што ќе добиеме нова борба за врвот во Android.
Текстот е објавен во сорабтока со telefoni.com.mk